Услуги

ЦАРИНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ

Со нашето долгогодишно искуство Скајшпед нуди високо квалитени услуги во царинското посредување и застапување на извозници и увозници, правни и физички лица, посредување во сите царински постапки пред царинските и останатите државни органи и институции. Нашите тим на овластени царински застапници, ќе Ви помогне успешно да ги завршите сите царинските процедури, без непотребно доцнење и без непотребни дополнителните трошоци.

Во делот на царинското посредување и застапување, меѓу другите, Скајшпед Ви ги нуди и следните услуги:

  • Застапување пред царинските органи при сите видови на царински постапки,
  • Тарифирање на стока,
  • Подготовка и обработка на документација за царинење на стока, изработка на увозно-извозни документи,
  • Посредување при добивање на увозни и извозни дозволи и уверенија,
  • Посредување при изработката на барања за сите видови на прегледи и тоа санитарен, пазарен, ветеринарен и фитопатолошки,
  • Организирање на увоз и извоз на стока за физички и правни лица,

Нашиот тим е високо остручен во оваа област и обезбедува усогласеност на Вашите царински активности со сите важечки царински и други прописи. На секој наш клиент, согласно неговите потреби, му ги нудиме најдобрите решенија за царинење на стока со остварување на најниски трошоци.

За било кои Ваши потреби и прашања, од областа на нашето работење, слободно побарајте не. Ви стоиме на услуга.

Proudly powered by WordPress | Theme: HoneyPress by SpiceThemes